22.04.2025 06:15
Вести Македонија

ЦУК: Можно e зголемување на водостојот на реките во западниот дел на земјава

Центарот за управување со кризи попладнево предупредува на можно зголемување на водостојот на реките особено во западниот дел на земјава.

Од ЦУК информираат дека водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот на денот.

– Во доцните вечерни часови и за време на претстојната ноќ се очекуваат нови врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата каде се прогнозираат количини на врнежи од 15 до 20 литри на квадратен метар. Земјата полека се заситува со влага од претходните врнежи изминативе денови така што можна е реакција на реките во западниот дел на земјата и извесно зголемување на нивниот водостојот, велат од ЦУК.

Зголемување на водостојот доцна во ноќта и утре изутрина, како што се наведува во соопштението, може да има на реката Треска, на Црна Река, на водотеците од горниот дел од сливот на река Вардар, како и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава.

Според прогнозите, како што  се наведува во соопштението, можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава).

Од ЦУК велат дека се можни пообилни врнежи во делови од градските средини, како Тетово и западниот дел на Скопје, а во источниот дел на земјата во текот на денешниот ден не се очекуваат поголеми зголемувања на водостоите.

Центарот за управување со кризи со предупредување до граѓаните за внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на вечерните часови и ноќта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франциск, папата од народот кој се обиде да ја реформира Римокатоличката црква

Дејан Дејан

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе