
Руските сили повторно ја презедоа целосната контролата врз Суџа, град во Курската област, од украинските војници, соопшти во четвртокот Министерството за одбрана.
Руските сили, исто така, ја вратија контролата врз две села, Меловој и Подол, соопшти Министерството.
Покрај тоа, борците на борбената групација на руската армија „Север“ разбиле седум украински бригади и јуришен полк во областите Гоголевка, Гончаровка, Гуево, Заолешенка, Запсеље, Олешња, Рубаншчина и Судџа, а исто така одбија и еден контранапад, според министерството.
Според информациите на руското Министерство за одбрана кои не можат да се проверат од независни извори, украинските вооружени сили во последнотео деноноќие во Курската областа загубиле повеќе од 340 убиени и ранети лица; две борбени возила на пешадија; три оклопни транспортери; пет борбени оклопни возила; 17 автомобили; четири артилериски парчиња; два минофрлачи. Притоа, уништени се и две контролни пунктови за беспилотни летала.
Според истиот извор, за време на целиот период на борби во пограничниот регион Курск закубите на украинската војска изнесуваат повеќе од 67.000 војници, речиси 400 тенкови и илјадници единици друга опрема.
Повторното заземање на Суџа, каде што е сместена сега неактивната мерна станица за руски гас за Европа, е значајна добивка за Русија.
Суџа, со пет илјади жители, беше најголемата населба што украинските вооружени сили успеаја да ја заземат како резултат на офанзивата врз регионот Курск во август минатата година. Тие го користеа градот како главен логистички центар преку кој Киев ги снабдуваше своите единици во сите блиски села и градови.
Претседателот Владимир Путин, во воена униформа, во средата ги посети руските војници во Курск и им нареди да напредуваат со молскавична брзина и брзо да ја преземат остатокот од територијата под украинска контрола.