15.04.2025 12:14
Вести Најважни Свет

Лагард ја повика Европа на „чекорење кон независност“ поради најавените царини од САД

Трговската војна што ја иницираше американскиот претседател Доналд Трамп треба да предизвика „од кон независност“ на Европа, изјави денеска претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

„Тој (Трамп) тоа во САД го нарекува „Ден на ослободувањето“, но мислам дека тоа е момент кога заедно треба да одлучиме да ја земеме нашата судбина повеќе во свои раце и мислам дека тоа е од кон независност“, истакна Лагард за радиото „Франс Интер“, опишувајќи ја ситуацијата како „егзистенцијален момент за Европа“.

Трамп вчера најави дека на 2 април, како што го нарече „Ден на ослободување“, ќе го претстави сеопфатниот план за воведување на царини, со кој ќе бидат опфатени  сите земји, а не само група од 10 до 15 држави.

„За да бидеме во добра преговарачка позиција, мораме да покажеме оти не сме подготвени да се откажеме“, посочи Лагард додека Европска Унија подготвува одговор на американските царини.

Според ЕЦБ, еврозоната би можела да забележи пад на Бруто домашен производ (БДП) за 0,3 отсто поради трговската војна на американскиот претседател и за 0,5 проценти во случај на европски одговор, во првата година од спроведувањето на овие мерки.

„Трговската војна создава само губитници“, наведе Лагард.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски избран за млад глобален лидер на Светскиот економски форум за 2025 година

Дејан Дејан

113 години од потонувањето на „Титаник“

Дејан Дејан

(ФОТО)Прв трансексуален машки фудбалски тим на Куба го започна својот прв натпревар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе