Четворица мигранти го загубија животот, 64 се спасени по потонување чамец
- Четворица мигранти го загубија животот, а 64 се спасени кога чамец што патувал од Мавританија потона во близина на шпанските Канарски острови по ризичното пловење низ Средоземното Море.

Барселона, 6 март 2024 (МИА) - Четворица мигранти го загубија животот, а 64 се спасени кога чамец што патувал од Мавританија потона во близина на шпанските Канарски острови по ризичното пловење низ Средоземното Море.
Мигрантите пристигнаа на островот Ел Јеро, а меѓу преживеаните има две жени и девет малолетни лица, соопшти Шпанската поморска спасувачка служба.
Две лица се префрлени со хеликоптер во болница на островот Тенерифе во тешка состојба, а 14 се префрлени во локалната болница во Ел Џере за лекување на хипотермија и дехидрација.
Речиси 12.000 мигранти кои бегаат од сиромаштија, конфликти и нестабилност во Западна Африка пристигнале на шпанска територија во првите два месеци од оваа година, според шпанското Министерство за внатрешни работи, што е повеќе од шест пати повеќе отколку во истиот период минатата година. Повеќето од нив дојдоа од Мавританија, која неодамна потпиша договор од 210 милиони евра со Европската унија, кој вклучува финансирање на патроли кои пресретнуваат мигранти, како и испорака на хуманитарна помош. рп/
Фото: МИА архива