ВИДЕО: Арсими го доби прекинатиот дуел со Вардарски

Екипата на Арсими останува во игра за највисок достррел затоа што го доби прекинатиот дуел против Вардарски во рамки на 22. коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Мечот беше прекинат на полувреме заради дожд при резултат 2-1, а тоа беше и конечниот епилог по вторите 45 минути. Головите за Арсими ги дадоа Албан Таипи и Албин Рамадани.

Со оваа победа Арсими останува при врвот во ВМФЛ, има 45 бода, два помалку од третопласираната Брегалница од Штип.

На делба на врвот на табелата се Македонија ЃП и Башкими со по 49 бода.