23.04.2025 12:59
Вести Македонија

Повредени шофер и малолетничка – автомобил излета од патот и заврши во Вардар кај село Челопек

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне во близина на тетовското село Челопек, кога автомобил со поголем број на патници излетал од коловозот на кривина и завршил во водите на Вардар.

Според изјави на очевидци кои го пријавиле случајот, медицински екипи и тим на спасувачи веднаш стигнале на местото, а патниците успеале да се спасат и да бидат извлечени од возилото.

Во несреќата, како што информираат од МВР, со телесни повреди се здобиле 39-годишниот возач од Тетово и малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мирче Паунов е именуван за нов в.д. директор на ЈКП „Водовод“ во Кочани

Дејан Дејан

Лани биле генерирани 790.866 тони комунален отпад или 438 кг. по глава на жител

Дејан Дејан

Пад на приходите на „Тесла“ за дури 71 отсто – Маск најави поголем ангажман во компанијата, помал во политиката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе