Press "Enter" to skip to content

Бојан Стерјев: дупла круна е целта на Еурофарм Пелистер

Пред стартот на плеј-офот екипата кој екипата на Еурофарм Пелистер од Битола стартува од првата позиција на табелата, за она што го очекува тимот и амбициите, во најинтересниот дел од борбата за титула, Бојан Стерјев вели:

-Ни претстои најинтересниот плеј-оф досега, спремни сме и мотивирани да бидеме шампиони и оваа година. Нашата цел оваа сезона е секако дуплата круна, која во Битола се очекува од 2005 година. Еурофарм Пелистер е можеби фаворит, но никој во клубот не би ги потценил и останатите тимови, бидејќи Македонија има најквалитетно првенство на овие простори. Ги повикувам сите наши симпатизери на секој натпревар да бидат наш осми играч, каде со нивната помош заедно ќе ги оствариме нашите цели.

За новитетот во овој плеј-оф Стерјев додава:

-Сакам да најавам и новитет, односно брендирани капчиња ,,Еурофарм Пелистер” дизајнирани и произведени од реномираната компанија “Bratot“, капчиња кои се дизајнирани со главните симболи на Битола, како и логото на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер. Нашите симпатизери овие капчиња ќе имаат можност да си ги набават уште на првиот плеј-оф натпревар на домашен терен.

ЛИНК од изледот на капчето: https://www.instagram.com/p/DFdD-vQM0hF/

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »