Валенсија и Димитриевски добија засилување од Премиер лигата

Фудбалерот на премиерлигашот Борнмут, Макс Аронс, заминува на шестмесечна позајмица и до крајот на сезоната ќе настапува во шпанската Валенсија, каде меѓу стативите е нашиот репрезентативец, Столе Димитриевски. 

„Лилјаците“ се во очајна форма и во моментов се претпоследни на табелата во Примера, па затоа управата се труди да доведе квалитетни засилувања кои ќе помогнат во борбата за опстанок. 

Валенсија на крајот од сезоната ќе има опција да го откупи договорот на Аронс, но тоа ќе зависи од резултатите и од неговиот перформанс. Дефанзивецот ја започна кариерата во тимот на Норич, а во Борнмут пристигна минатото лето за сума од седум милиони фунти. Годинава не е во плановите на тренерот Ираола и досега одигра само четири натпревари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.