Мурињо и Фенербахче по „пенал-рулетот“ елиминирани од Ренџерс во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Жозе Мурињо и Фенербахче доживеаја елиминација во осминафиналето од Лигата на Европа, откако во пенал-рулетот загубија на гостувањето против шкотски Ренџерс во Глазгов.

Во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот во Глазгов заврши со победа за Фенербахче од 0-2. Со тоа Турците ја анулираа предноста на Ренџерс од 3-1 од првиот натпревар во Истанбул.

Полјакот Цимански беше херојот на Фенербахче низ регуларниот дел од мечот со погодоците во 45. и во 73. минута за 0-2.

Откако низ продолженијата немаше промена на резултатот, патникот во четвртфиналето го одлучи пенал-рулетот.

Очајна пенал-серија имаа Турците кај кои промашија Тадиќ, Фред и Јандаш, па тоа го искористија домашните за победа во пенал-рулетот од 3-2 и пласман во четвртфиналето на второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Се вчитува...