Без вода за пиење жители на Тработивиште и Разловци
- Екипи на ЈКП „Брегалница“ - Делчево од утрово се на терен и работат на утврдување на причините за дефектот.

Делчево, 5 април 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводната линија, без вода за пиење утрово се жители на делчевските села Тработивиште и Разловци. Дефектот е регистриран во близина на мостот на регионалниот пат што води од Тработивиште кон Разловци.
Екипи на ЈКП „Брегалница“ - Делчево од утрово се на терен и работат на утврдување на причините за дефектот.
- Очекуваме во текот на денот, дефектот да биде отстранет. Апелираме на стрпливост на жителите, информираат од ЈКП „Брегалница“.
Дефектот во доцните ноќни часови е забележан од страна на жители од Разловци кои веднаш го пријавиле до надлежните. вс/бд/
Фото: МИА