Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа - пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

Објавено во: Свет 06 Април, 2025 20:26
Израелската армија (ИДФ) призна дека нејзините војници по грешка убиле 15 медицински лица во јужниот дел на Појасот Газа на 23 март, во близина на Рафах.
Конвој од амбулантни возила на палестинската Црвена полумесечина (PRCS), возило на ОН и противпожарно возило на Цивилната заштита беа под оган, при што Израел првично тврдеше дека војниците пукале додека конвојот „сомнително“ се приближувал во мракот без светла или ротација. ИД соопшти дека движењето на возилата не било координирано или договорено со војската.
Но, снимката на пронајдениот мобилен телефон на еден од убиените болничари, за која пишува и Њујорк Тајмс, покажува дека возилата откако повредените повикале помош, се движеле со запалени светла.
ИД продолжува да тврди дека најмалку шест болничари биле поврзани со исламистичкото движење Хамас, но не понуди докази за тоа. Но, факт е дека кога војниците отвориле оган, болничарите биле невооружени.
На петминутното видео се гледа и болничарот Рафат Радван и може да се слушне како ги кажува зборовите од неговата последна молитва пред возилото да му пријдат израелски војници.
Официјален претставник на ИД за новинарите во саботата вечерта изјави дека војниците претходно отвориле оган врз автомобил во кој се превезувале тројца членови на Хамас.
Кога возилата на брзата помош се приближувале до областа каде што биле војниците, набљудувачите на воздушниот надзор биле известени дека се приближува „сомнителен“ конвој.
"Forgive me, mother. This is the path I chose, mother, to help people, » he cries, his voice weak." Israel walks back its account of the killing of 15 medics in Gaza after video seems to contradict it https://t.co/Inx4DLWlJg pic.twitter.com/mrNyEEJkXn
— Leo Correa (@Leo_Correa) April 6, 2025
Според ИД, возилата на брзата помош застанале зад теренецот на Хамас, а војниците претпоставиле дека се под закана и отвориле оган и покрај тоа што не утврдиле дека медицинскиот тим е вооружен.
Израел, пак, утврдил дека возилата се движат со запалени светла, а видеото од мобилен телефон покажало дека се обележани и дека болничарите носат рефлектирачки елеци.
Војниците закопаа 15 тела во песок за да ги заштитат од диви животни, а возилата беа отстранети следниот ден за да го исчистат патот, според израелски функционер.
Една недела подоцна, тимот на хуманитарното здружение ги ископа телата и во таа прилика го најде телефонот на Радван со снимка од инцидентот.
ИД силно ги отфрла тврдењата дека некој од болничарите биле врзани со лисици и дека не биле убиени од непосредна близина, како што сугерираат некои извештаи.
Болничар кој преживеа, изјави за Би-Би-Си дека на возилата се вклучени светлата и дека неговите колеги не се поврзани со ниту една исламистичка група, ниту Хамас, ниту Исламски џихад.
ИД најави „темелна“ истрага, а Црвената полумесечина и другите меѓународни организации бараат независна истрага.
Фото: Принтскрин/ХМожеби ќе ве интересира
АКО НАТО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА: Руски разузнавач откри како ќе одговорат

(ВИДЕО) УКРАИНА СЕ ОДМАЗДИ: Тврдат дека ја уништиле бригадата која изврши напад во Суми

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ВО ФРАНЦИЈА: Имаше пукање, запалени автомобили и нападнати затвори

ЛАВРОВ ЗА КРИМ И КОСОВО: Западот смета дека Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците

ПОМИНАА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА ОРБАН - Унгарија ќе признава само два пола, машки и женски, еве кои се другите претходни ограничувања

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

МЕРЦ РАЗМИСЛУВА ПОИНАКУ ОД ШОЛЦ: Сака да испорача ракети Таурус во Украина

ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?

„Претседателот Илон“: Како Маск успева да го прави тоа што го сака во Белата куќа
