Рио Фердинанд добива светска слава и како водител на поткасти и интересни фудбалски емисии, а во неговото студио, најнов гостин беше легендарниот Вејн Руни. Неповторливиот напаѓач ја заврши кариерата како најдобар голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед, па иако освои се што можеше да се освои во црвениот дрес, Руни во разговорот со Рио се наврати и на најмрачните денови, кои успеал да ги преброди само благодарение на неговата сопруга ...
Вејн Руни, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, во емотивен разговор во подкастот на поранешниот соиграч Рио Фердинанд откри дека додека беше активен играч имал сериозни проблеми со алкохолот. Препорачано Руни раскажа дека дошло до момент кога „отишол предалеку“ и дека тогаш мислел дека нема на кого да се обрати и дека мора сам да го носи тој товар. „Беше тежок период. Се сеќавам отидов на тренинг ставајќи капки за очи и ...

