Критики на сметка на пакетот царини од Трамп: претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, мерката ја оцени како „тежок удар за глобалната економија“. Други зборуваат за „објава на војна“ и „возење на спротивната лента“.
Многу земји се на удар од новиот пакет царини на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и членките на ЕУ. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен се огласи со критика оценувајќи го потегот на Трамп како „тежок удар за глобалната економија“. Царините според неа ќе имаат ужасни последици за милиони луѓе на планетава, оцени таа при посета на узбекистанскиот град Самарканд.
Земјите-членки на ЕУ веќе работат на „нов пакет“ контрамерки „за заштита на нашите интереси и нашите компании доколку преговорите не успеат“, рече фон дер Лајен, која истовремено сигнализираше континуирана подготвеност на Унијата да преговара со американската влада. „Има и алтернативен пат“, рече претседателката на ЕК и посочи дека еврокомесарот за трговија, Марош Шефчовиќ, бил „во постојан контакт“ со неговиот американски колега Хауард Лутник. „Се стремиме да ги намалиме пречките, а не да ги зголемиме“, порача таа.
Гнев и контрамерки
Како „самоволие“ и „целосно неприфатливо“ ги оцени царините претседателот на Комитетот за трговија во Европскиот паралмент, Бернд Ланге од СПД во разговор со првата програма на германскиот јавен сервис АРД. Најавите според него се „објава на војна“. Ланге очекува за ЕУ голема двоцифрена штета во милијарди евра, но порачува дека во Унијата се подготвени и дека ќе одговорат со контрамерки.
Целата статија ТУКА
The post „Огромен удар за глобалната економија“ appeared first on 365.mk.