Радио Милева во втор план

Невозможно беше да се изненади Саша Поповиќ, но на Шабан Шаулиќ тоа му успеа (фото)

Невозможно беше да се изненади Саша Поповиќ, но на Шабан Шаулиќ  тоа му успеа  (фото)

Додека беше дел од жирито во  „Ѕвездите на Гранд“ Шабан Саулиќ,  го остави Саша Поповиќ без текст.

Шаулиќ го изненади Саша Поповиќ во неколку наврати кој дури и сам не знаеше кои сѐ нумери  ги напишал Шаулиќ.

– Јас не се удирав во гради и не велев дека сум композитор, некако го тргнав тоа го ставив во втор план. Затоа што ми беше доволно да бидам тоа што сум како пејач. Многу луѓе не знаеја дека јас сум напишал или компонирал некои од тие песни, не е важно како ќе го кажеш тоа. Во суштина, тоа излезе од мене, јас го направив тоа“, изјави тогаш Шаулиќ.

Многумина би рекле дека е невозможно да се изненади Саша Поповиќ, но на Шабан тоа му успеа и кога беше дел од жирито на најпопуларното музичко натпреварување во регионот.

Многупати во „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ му велеше „Од каде ја доби оваа песна, кој ја напиша?“, а мојот одговор секогаш беше „јас“. Па потоа ме прашуваше за друга песна, а мојот одговор е повторно „јас“. Многупати беше изненаден, ми вели  „ајде не ме зезај “. И сè што слушате од 1975 година наваму, сето тоа го напишав. „Се пошегував со Саша дека никогаш не ги гледал авторите“, изјави Шабан еднаш на водителката Весна Милановиќ.

фото: printscreen/instgaram/mondoportal

To top