Фаулот на Џејмс Тарковски над Алексис Мекалистер со многу опасен старт на градското дерби Евертон – Ливерпул зачуди многумина како фудбалерот на Карамелите остана на терен и не доби црвен, туку само жолт картон.
Не само навивачи на Ливерпул, туку и многу експерти мислат дека ова бил фаул со кој можело на Мекалистер да му биде скршена ногата и дека морало да има исклучување. Инаку Тарковски е еден од најсреќните играчи во Премиер лигата бидејќи никогаш не добил црвен картон, а жолт картон му бил покажуван 65 пати.
Од Премиер лигата веднаш излегоа со соопштение во одбрана на судиите и објаснија зошто не е исклучен Тарковски. Разликата е во проценката дали е само опасен старт на глужд или има и високо подигната нога со претерана употреба на сила.