Секој од вас е заслужен што Македонија е во НАТО, порача Мисајловски до Здружението на ветерани и резервисти

од Nikola Popovski
82 прегледи

Сега сме еднакви во НАТО, но, не смееме да заборавиме дека сме сериозна земја-членка од 2008 година. И тогаш беше нашето место во НАТО, сега седиме еден до друг и имаме право да си го кажеме нашето мислење. Секој еден од вас е заслужен што Македонија е во НАТО. Сите вие, иако дел сте во поодминати години, сте дале многу за државата, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски на трибината „Пет години членство на Република Северна Македонија во НАТО: Постигнувања, перспективи и предизвици“, обраќајки се до Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста.

Според министерот, клучно прашање во рамките на НАТО што се поставува е колку процентот за одбрана ќе порасне и на кој начин буџетот ќе се зголемува. Мисајловски истакна дека 2/3 од земјите веќе стигаат до предвидените 2%.

-Исто така е важно да се запазува целиот Колективен договор и да ги почитуваме нашите војници и вработени. Мене ми е драго што редовно се исплаќаат сите средства на сите војници и офицери. Моментално го имаме најголемиот буџет во Министерството за одбрана во овие децении. 32% од буџетот оваа година се директно одвоени за модернизација и тоа ќе продолжи и во наредните години, рече меѓу другото Мисајловски на трибината.

Слични содржини