logo
logo
logo

Рама убеден во победата на изборите и добивањето на четврт мандат

Vecer | 01.02.2025

Рама убеден во победата на изборите и добивањето на четврт мандат

- По неполни 100 дена, Албанците ќе не поддржат повеќе од кога било досега, не затоа што сме најдобри, иако нема подобар од нас, туку затоа што Албанија е поблиску од кога било до врвот, каде Албанија конечно ќе биде како цела Европа. На тој врв засекогаш ќе го поставиме нашето државно знаме, каде што е дворот на европското семејство и каде што ќе влеземе како еднакви меѓу еднаквите, рече Рама во обраќањето на Националното Собрание на младите на партијата

Порача дека Албанците "треба да знаат дека до тој врв што сега го гледаме со очи, не приближи визијата, тимот, извонредниот труд во сите овие години а не времето".

-Го донесовме достоинството на Албанија во очите на светот. Еве каде е Албанија благодарение на она што го направивме за една деценија, наспроти тешкотиите и битките. Нашата убава земја ја направивме место каде што секој сака да дојде и да ја посети. За повеќе од една деценија го удвоивме домашното производство а земјата бележи рекордна посетеност од странски туристи, нагласи меѓу другото Рама.

Посочи дека визијата и работата на тимот на Социјалистичката партија, ја "натераа нашата земја да напредува во патувањето кон ЕУ кое ќе го заврши со полноправно членство во 2030 година".

Ја повика дијаспората да го даде гласот за СП, додавајќи дека " дадениот глас за нас е камен во новите ѕидови на современата европска албанска држава".

Парламентарните избори ќе се одржат на 11 мај и се 11-ти по ред во плурална Албанија. Во трите изминатите изборни циклуси, од 2013 година, триумфираа Социјалистите на Рама./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk