Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат со забрзано темпо – според податоците на Народната банка, во првиот квартал од 2025 година е регистриран годишен раст од 19,4 проценти. Овој податок означува значително зголемување во однос на последниот квартал од 2024 година, кога растот изнесуваше 10,6 проценти.
Експертите укажуваат дека ваквиот тренд е показател за натамошна побарувачка и зголемен интерес за инвестирање во недвижности, и покрај растечките цени. Паралелно, се заострува прашањето за достапноста на станбениот простор за младите и семејствата со просечни примања.
Според „Блумберг Адрија“, пазарот со недвижности лани го надмина психолошкиот праг од милијарда евра. Податоците на Агенцијата за катастар за 2024 година покажуваат дека биле реализирани 22.548 трансакции, во вкупна вредност од 1,006 милијарди евра – што дополнително ја потврдува стабилната, но и забрзано растечка активност на овој пазар.
Со оглед на динамиката, аналитичарите очекуваат трендот на раст на цените да продолжи и во следните квартали, освен доколку не дојде до посериозни економски или политички промени кои би го стабилизирале пазарот.