• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Втора регионална конференција на сметководители и овластени сметководители

Втора регионална конференција на сметководители и овластени сметководители

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи Втора регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, на тема: „Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“.

Конференцијата ја организира Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) кој најави дека ќе учествуваат повеќе од 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, како и претставници од релевантни домашни и меѓународни институции, организации, од академската заедница и деловниот сектор.

Клучни теми на конференцијата ќе бидат: имплементација на меѓународните стандарди за финансиско известување и ЕСГ-стандардите и нивното значење за натамошно унапредување на сметководствените практики, употребата на вештачката интелигенција во сметководството, анализи на податоци од голем обем и нивна примена во сметководството и улогата на новата генерација во новата ера на сметководството.

Конференцијата ќе ја отвори Весна Прентоска, претседател на ИСОС. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан