Концерт на „Амплидајн Ефект“


Во Социјалниот центар Дуња во Скопје, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на „Амплидајн Ефект“.

Амплидајн Ефект е музички проект на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика, со акцент на импровизирани музички сесии. Во изминатите години, проектот издаде бројни албуми и настапуваше на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои Похода (Словачка), Десонанз, Лајв Саундтрак (Белград), ToBe Continued (Италија), ПНЕМ Саунд Арт Фестивал (Холандија), Скопскиот џез фестивал итн.


Како трио, Амплидајн Ефект настапува заедно со Владимир Мартиновски (тамбура, кавал, удиралки) и Соња Димитриоска (флејта), создавајќи уникатна звучна фузија што води низ атмосфери на експериментална и амбиентална музика.

На концертот, триото ќе претстави музички пејсажи од албумот „Moribund Neighborhoods“, издаден под белгиската издавачка куќа Трансоник Рекордс. Овој албум и концерт е посветен на Филип Франк, директорот на издавачката куќа, кој почина во јануари оваа година.


Влез: Препорачана донација за уметниците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …