• Мартин Танасковски
Чехот Јакуб Меншик беше неверојатно среќен откако во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мајами го совлада Новак Ѓоковиќ со 7-6(4), 7-6(4). 19-годишниот тенисер призна дека размислувал да се откаже пред почетокот на мечот.
„Во моментов мојата глава е во хаос и не знам што да кажам. Ова е можеби најдобриот ден во мојот живот. Задоволен сум од начинот на кој играв. Најсреќен сум што успеав да ги контролирам нервите пред и за време на натпреварот. Вистинските емоции допрва доаѓаат.
Посебна благодарност до физиотерапевтот Алехандро. Еден час пред натпреварот, во рака држев формулар за повлекување. Имав среќа што не можев да најдам еден од судиите што отиде на ручек.
Наместо тоа, направив процедура со Алехандро и благодарение на него, сега сум тука“,изјави Меншик по неговата незаборавна победа.
За Јакуб Меншик ова беше прва титула во професионалната кариера.