Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: ССМ против ССМ, сега се против решението за минимална плата кое самите го бараа додека власт беше СДС

ССМ против ССМ, сега се против решението за минималната плата кое самите го бараа додека власт беше СДС, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

ССМ сами бараа минималната плата да се усогласува со растот на просечната плата и стапката на инфлација, а тоа се пресметува 50 проценти од порастот на просечната плата и 50 проценти од процентот на индексот на живот, со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57 проценти.

ССМ ова го договори и го презентираше како историски успех, ВМРО-ДПМНЕ го почитува тоа што синдикатите го договориле со работодавачите.

Но каде е тука проблемот?

Сега не е повеќе СДС на власт, тие кои го поставија раководството во ССМ, на чело со Трендафилов, и синдикатот сега се користи за пресметка и политичка битка.

Тоа што за ССМ беше добро до пред неколку месеци, сега веќе не е.

ССМ се лицемерни и одат сами против себе, само за да исполнат партиска насока на СДС, рече Манасиевски.

Најнови вести од Македонија

To top