Пантер не мрда од Барселона, ќе стане еден од најплатените во Европа

Американски кошаркар со српски пасош Кевин Пантер, сепак, ќе потпише нов договор со Барселона.

Веќе некое време се зборуваше за финансиската состојба на Барселона, буџетските промени, амбициите, намалувањето на договорите и слично. Токму затоа Пантер беше во очите на јавноста, со приказни кои кружеа од кратење на платата до потенцијално заминување од шпанскиот клуб, а сега сето тоа е „фрлено во вода“.

Поранешниот капитен на Партизан, според добро информираниот „Еурохупс“ ќе потпише нов договор со Барселона.

Тоа ќе биде тригодишен договор вреден 12 милиони евра, или 4 милиони по сезона, што ќе го направи Пантер еден од најскапите играчи во европската кошарка.​