23.8 C
Скопје
12:22 - 18 април, 2025

(Видео) Сара Јо во тага за трагедијата во Кочани: „Добар наш Панчо, знам дека се бориш лавовски!“

Српската пејачка Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо, беше една од најблиските соработнички со групата „ДНК“ од регионалната сцена.

Сега таа се огласи на социјалните мрежи, каде ја искажа својата тага по трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, каде во разорен пожар загинаа 59 лица, а беа повредени 155. Меѓу загинатите имаше и членови на „ДНК“, вклучително и пејачот Андреј Ѓорѓиески, а раперот Владимир Блажев – Панчо е меѓу повредени и хоспитализиран во една скопска болница.

„Како да се носиме со олку голема тага. Со олкава тежина во градите? Со ваква празнина која не преплави со олкава сила? Како да се преболи неправдата? На кој начин да се разбере и прифати реалноста? Срцето ми е скршено на илјада парчиња“, напиша пејачката на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Сара Јо

Во своето следно стори, таа објави досега невидено видео со Панчо од нејзината приватна архива.

„А, ти, добар наш Панчо… Знам дека се бориш лавовски, само онака како што умееш. Сепак, ти си нашето ‘лошо момче’. Не постои момент во кој не сме помислиле на тебе. Со тебе сме со целото срце и душа“, напиша Сара Јо во описот.

Слични објави

Нада Топчагиќ откри зошто биле скарани со Зорица Брунцлик: „Беше злобна и ме гледаше попреку“

Еспресо

Дневен хороскоп 18 април: Овните ќе бидат отворени за нови идеи, Лавовите ќе имаат флерт со позната личност

Еспресо

Гоца Тржан со болна исповед: Космички имам две деца, едното е со мене, другото не

Еспресо

Анабела ѝ одговори на Весна Ѓогани: „Ма, нека зборува што сака! Ми се смачи од тоа!“

Еспресо

Соседите на Сенида за нејзината тажна судбина: „Беше затворена дома со месеци!“

Еспресо

(Фото) Афера на повидок: Фудбалерот ја изневерил Ана Ивановиќ со спортска новинарка?

К.С.