Американскиот претседател Доналд Трамп се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Двајцата лидери разговараат во Овалната соба, пренесува Би-би-си.
Според очекувањата, двајцата ќе разговараат за војната во Газа и враќањето на заложниците, по рушењето на кревкиот прекин на огнот со Хамас. Дополнително, Нетанјаху најверојатно ќе се заложи за намалување на царините од 17 отсто што Трамп ги постави на Израел
На претходната средба меѓу Трамп и Нетанјаху во февруари, американскиот претседател предложи насилно преместување на Палестинците од Газа за да се претвори во „ривиера на Блискиот Исток“.
Израелскиот премиер е првиот светски лидер кој се појави во Белата куќа по објавувањето на тарифите на Трамп минатата недела.
М. Д.