Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.
Текстот Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места снег е превземен од МАКФАКС.