Синоним за доминација: Данска цели триесет натпревари е без пораз на СП

Синоним за доминација во ракометот можете да најдете во машката репрезентација на Данска, која синоќа стигна до рекорден број на натпревари без пораз на Светските првенства, откако ја совлада селекцијата на Тунис со 32-21.

Момците предводени од Николај Јакобсен, кои годинава имаат шанса да го освојат четвртото последователно злато на планетарните првенствата, веќе обезбедија премин во следната рунда, бидејќи во два натпревари имаат исто толку победи.

Скандинавската репрезентација нема пораз на Светското првенство од 2017 година, кога ги предводеше исландскиот стручњак Гудмундур Гудмундсон. Данска во осминафиналето беше поразена од Унгарија, а во периодот од 2019 година до синоќешната средба со Тунис оствари 29 победи, со едно реми против Хрватска (32-32), на претходното Светско првенство одржано во Полска и Шведска во 2023 година.

Микел Хансен се прости од дресот на националниот тим, но Данска веќе има нови момци како Матијас Гидсел, Симон Питлик, Емил Јакобсен, кои не планираат да застанат во потрагата по нов, четврти по ред, светски трофеј.