У-16: Пораз од Србија на меморијалот „Миљан Миљаниќ“

Македонската репрезентација за фудбалери до 16 години ќе игра во натпреварот за 3. место на Меморијалот„Миљан Миљаниќ“ откако загуби од домаќинот Србија на првиот ден од турнирот.

Избраниците на Драган Начевски загубија од српската селекција со 2-0. Домаќините беа подобри, трумфирајќи со головите на Баучал во 6. минута и Гичиќ во 52. минута од средбата.

Македонија во мечот за третото место ќе игра во четврток (10 април) од 14 часот против селекцијата на Унгарија, која денеска загуби, исто така со 0-2, од соодветната селекција на Црна Гора.

Се вчитува...