АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Охриѓанката Есма Сабри освои прво место на најстарата светска конфедерација во бјути секторот во Србија

Охриѓанката Есма Сабри деновиве зеде учество на светската конфедерација во бјути секторот која се одржа во соседна Србија а таму Есма се претстави во најдобро светло за што го освои првото место. Таа учествуваше во категорија невестинска фризура и за прв пат бележи учество на еден ваков натпревар од светски карактер.

CMC -CAT е најстарата светска конфедерација на светско ниво Јас добив прво место . СМС е прва и најстара свестска конфедерација во бјути секторот. Благодарение на нашата претседателка Сафија Теса Македонија е членка веќе осма година во оваа конфедерација, така да и ние од Македонија можеме да учествуваме на вакви светски натпревари од ваков карактер и со ваква тежина.

Годишно неколку два до три пати се организира ваков настан на светско ниво, овој пат домаќин беше Србија. Се одржуваат натпревари во 12 дисциплини. Мене ми се даде можност да се натпреварувам во дисциплина за невестинска фризура… Верувајте кинкуренцијата беше многу голема имаше учесници од неколку држави. Самото чувство да си дел од нешто толку сериозно е навистина неописливо. Неможам да го заборавам моментот кога претседателката Теса го кажа моето име – Есма Сабри летав од радост! Бевме 28 натпреварувачи и 169 поддржувачи од Македонија во сите дисциплини. Добивме шест први места. Ова навистина е нешто со кое што треба сите да се гордееме, истакна Есма за Охрид1.