Гидсел МВП и најдобар стрелец, двајца Хрвати во „дрим-тимот“ на СП

Со златен медал на Данска заврши 29. Светско ракометно првенство. Во големото финале во Осло, Данците ја средија и Хрватска (26-32) и ја продолжија доминацијата на големите планетарни собори, со четврто злато во низа.

Oд овие две селекции доаѓаат по двајца ракометари во идеалниот тим на шампионатот кој што се играше во три држави – Хрватска, Данска и Норвешка. Голманот Нилсен и Питлик, како и Мартиновиќ и Шоштериќ се актери од финалето во идеалниот тим. Двајца претставници има и Португалија – Мартин Коста и Итуриза.

Идеален тим на Светското првенство: Емил Нилсен (Данска), Дилан Наи (Франција), Симон Питлик (Данска), Мартим Коста (Португалија), Иван Мартиновиќ (Хрватска), Марио Шоштариќ (Хрватска), Виктор Итуриза (Португалија).

За најкорисен играч (МВП) на шампионатот е прогласен Матијас Гидсел, кој е и најдобар стрелец со 74 гола.