Радовиш – Еурофарм Пелистер – 24:39 (14:21)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во Битола како гости остварија лесна победа над составот на Радовиш со 39:24, а средбата се играше во “Боро Чурлевски“ во Битола наместо во “25 мај“.Ал0нсо на паркетот изнесе комбиниран состав, но и тие кои играа беа пресилни за радовишани на чија клупа дебитираше битолчанецот, Игор Котевски. Со овие бодови Еурофарм Пелистер се врати на водечката позиција на табелата.
Победникот беше решен уште во првиот дел. По 1:1 и 2:2 на стартот, “пелистерци“ направија серија од осум гола по ред за 10:2. Погодуваа Манасков и Ѓорговски, а по неколку минути играа Тајник, Кузманоски и Пешевски.
Во второто полувреме битолчани продолжија со добрата игра и ја зголемуваа разликата. Погодуваа Борзаш и Самоил Ристевски. На крајот сосема заслужено славеа со конечен резултат 24:39.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со десет гола, а по пет гола постигна Петровиќ, Ристевски и Борзаш.
Еурофарм Пелистер оваа седмица продолжува во Лигата на шампионите, в четврток го игра последниот меч сезонава против ПСЖ.