Некогаш срамежливо детенце, подоцна талентиран немирко, кому дарбата од Бога и кодот во гените како уште од раѓање да му ја предодредиле мисијата да биде во професијата. Син на македонската музичка фолк легенда Ванчо Тарабунов, кого ќе го наследи, а со текот на годините ќе продолжи по истиот пат да оди , но и на добар пат е да го надгради она што неговиот татко го направил во музичките води.
Школуван музичар, денес вработен о Македонската опера и балет, кој паралелно со класиката успешно ја тера и својата естрадна кариера.
Пејач и се повеќе автор, кого учеството во „бугарскиот идол“ го исфрли на естрадното небо или поточно го втурна во длабоките и немирни естрадни води, во кои се’ поуспешно плива.
Дебитантското учество на „Макфест“ ќе му го трасира патот кон ѕвездите и тоа кон оние најблескавите.
Никогаш не ја претставувал Македонија на Евровизија, ама затоа без него и неговите настапи не можат да се замислат претставите во Голд Фелиција… Небаре е роден за музичко кабаре.
Во своето музичко студио се чувствува како во втор дом, а оттама наместо приказни и митови излегуваат нови музички хитови кои и самиот ги создава за себе, а се почесто и за другите.
Готвењето и кујната му се пасија, а рецептите и кулинарството несудена професија… Или барем ќеиф и мерак за душата, својата и туѓата.
Затоа пак приватноста ји интимата ги крие како змија нозтете, иако не едека не се знае која му лежи на срце…
За сето ова, но и за сите оние работи кои не сте ги знаеле или никогаш не сте ги слушнале за него… За првите заработени 150 денари, за срамот да пее пред други, за првиот настап во едно скопско кафуле со „Мој дилбере“, за тоа како на фестивалската сцена најпрвин се појавил како танчар, а не како пејач, за работата во Охрид како шанкер, за тоа како за малку тој и другарите ќе настрадале од удар на гром, иако гром во бор удира, ама „гром во коприва – не удира“, за талент шоуто „Идол“ во Бугарија и наводниот флерт со бугарската пејачка Марија, за аферата со Барбара, за љубовта кон Македонија, ама и љубовта со Калина… И за уште сто и една друга работа која го прави да биде она што е, оваа среда во интер ток шоуто „Ништо лично“ зборуваше за себе и другите, Александар Тарабунов.
Ако се’ уште не сте го погледнале неговото гостување кај Антонио Димитриевски во поткастот кој оди премиерно секоја среда, во 20.00 часот директно на YouTube каналот на КурирМК (направете го тоа во првата прилика, зашто каналот е отоворен за вашето внимение во секое време.