24 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвиот пациент на Маск откри како е да се живее со чип...

Првиот пациент на Маск откри како е да се живее со чип во мозокот(ВИДЕО)

Иако технологијата го менува животот на Ноланд, експертите предупредуваат на потенцијални проблеми, како што е приватноста. „Ако извезуваме мозочна активност, дозволуваме пристап не само до она што го правиме, туку потенцијално и до она што мислиме, веруваме и чувствуваме“, изјави професорот по неврологија Анил Сет за Би-Би-Си.

Замислете чип во вашиот мозок што може да ги преточи вашите мисли во команди за компјутер – звучи како научна фантастика, но за Ноланд Арбо е реалност. Во јануари 2024 година, осум години откако остана парализиран, 30-годишникот стана првиот човек што доби таков уред од американската невротехнолошка компанија Neuralink. Иако не е прв таков чип – неколку други компании исто така го развија и имплементираа – случајот на Ноланд привлекува поголемо внимание поради основачот на Neuralink: Илон Маск. Но, Ноланд истакнува дека не е тој или Маск кој е важен, туку науката зад овој потфат.

Ноланд, кој потекнува од Аризона, беше парализиран под рамениците по нуркачка несреќа во 2016 година. Неговите повреди биле толку сериозни што се плашел дека повеќе нема да може да учи, да работи, па дури ни да игра игри. „Немате контрола, немате приватност и тоа е тешко“, изјави тој за Би-Би-Си. „Треба да научите да се потпирате на други луѓе за сè. Чипот Neuralink му нуди враќање на дел од неговата поранешна независност дозволувајќи му да го контролира компјутерот со моќта на својот ум.

Тоа е таканаречен интерфејс мозок-компјутер (BCI), кој ги детектира малите електрични импулси што луѓето ги создаваат кога размислуваат за движењата, претворајќи ги во дигитални команди – на пример, движење на глувчето на екранот. Тоа е сложена наука на која експертите работат со децении. Вклучувањето на Илон Маск во оваа технологија предизвика големо внимание на Neuralink, но и критики поради безбедноста и инвазивноста на процедурата. Кога беше објавено вградувањето на Ноланд, експертите го нарекоа „значаен чекор“, но предупредија дека ќе биде потребно време за вистинска проценка – особено со оглед на вештината на Маск да генерира публицитет.

Ноланд вели дека ги знаел ризиците, но бил подготвен да помогне, без оглед на исходот. „Ако сè успее, можам да помогнам како учесник во Neuralink. Ако се случи нешто страшно, знаев дека ќе научат од тоа“, рече тој. Маск, според Ноланд, бил возбуден исто , иако останал резервиран во јавноста, објавувајќи само дека „првичните резултати покажуваат ветувачко откривање на нервни сигнали“.

По операцијата, Ноланд се разбудил и открил дека може да го движи глувчето на екранот размислувајќи за движење на прстите. „Искрено, не знаев што да очекувам – звучи толку футуристички“, рече тој. Но, гледајќи како неговите неврони реагираат на екранот, сфатил дека може да го контролира компјутерот само со своите мисли. Со текот на времето, неговите вештини се подобрија – сега игра шах и видео игри, кои, како што вели, му вратиле дел од животот што морал да го остави по несреќата. „Пораснав играјќи игри, а сега ги тепам моите пријатели, што теоретски не би требало да биде возможно, но тоа е“, додаде тој.

Иако технологијата го менува животот на Ноланд, експертите предупредуваат на потенцијални проблеми, како што е приватноста. „Ако извезуваме мозочна активност, дозволуваме пристап не само до она што го правиме, туку потенцијално и до она што мислиме, веруваме и чувствуваме“, изјави професорот по неврологија Анил Сет за Би-Би-Си. На Ноланд не му пречи – тој сака чиповите да одат подалеку, на пример да му дозволат да управува со инвалидска количка или дури и со роботско тело. Сепак, не помина сè како што треба. Во еден момент, чипот делумно се одвоил од неговиот мозок, што му ја одземало контролата над компјутерот. „Беше многу вознемирувачки“, призна тој. Инженерите го решија проблемот со прилагодување на софтверот, но ова ги истакна ограничувањата на технологијата.

Neuralink не е единствената компанија во оваа трка. На пример, Synchron го разви уредот Stentrode, кој се вградува помалку инвазивно – преку југуларна вена, наместо преку отворена операција на мозокот. Десет луѓе моментално го користат уредот, а еден од нив, Марк, го користел со виртуелните очила за патување на Apple Vision Pro. „Гледам иднина каде оваа технологија би можела значително да им помогне на луѓето со парализа“, рече тој. Ноланд е дел од шестгодишниот истражувачки проект на Neuralink, по кој иднината е нејасна. Без разлика, тој верува дека неговото искуство е само почеток. „Ние знаеме толку малку за мозокот, а тоа ни овозможува да научиме многу повеќе“, заклучил тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП