NEWSЦрна хроника

Лазаров го загуби животот помагајќи им на другите во пожарот – згасна уште еден млад човечки живот

Advertisement

Во страотната несреќа која се случи рано изутрината во дискотеката „Плус“ во Кочани животот го загуби уште еден млад човек, се работи за 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров. Од редовите на Шкупи ја потврдија трагичната вест за смртта на Лазаров кој животот го загубил обидувајќи се да помогне во хаосот кој се случувал во дискотеката „Пулс“.

Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани  – стои во официјалната објава на клубот.

Advertisement

Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.

„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија меѓу другото од Шкупи.

Advertisement

Лазаров го загуби животот на 25-годишна возраст, а во кариерата настапуваше уште за Металург, Работнички, Тиквеш, Рудеш и Горица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button