Реал Мадрид поради Рудигер ќе прекрши две правила од кои не отстапи ни за Модриќ!

Реал Мадрид има правило според кое на играчите над 30 години, дури и да се легенди на клубот, им се нудат продолжување на договорите на само една година. Така Лука Модриќ (39) последните неколку пати го продолжуваше договорот со Реал. Покрај тоа, Модриќ, како што старееше, мораше да се согласи на значително намалување на платата со секое ново продолжување на договорот.

Принципот на Реал одамна е јасен - легендите можат да останат и по влегувањето во четвртата деценија од животот, но само доколку им се продолжи договорот за една сезона и со постепено намалување на платата. Сепак, германскиот инсајдер Кери Хау известува дека Реал е пред прекршување на наведеното правило, поради Антонио Рудигер. Германскиот стопер минатиот месец наполни 32 години, а неговиот договор со Реал е до летото следната година.

Без разлика, според споменатиот извор, Реал е подготвен да му понуди продолжување на договорот на две или дури три години. Хау додава дека поради Рудигер, Реал е подготвен да го прекрши вториот дел од правилата за ветераните и да му понуди покачување на платата. Има две причини за тоа - има раскошни понуди од Саудиска Арабија и одличната игра на Рудигер во Реал, во кој гледаат клучен човек и лидер во одбраната

Рудигер дојде во Реал во летото 2022 година од Челзи како слободен играч. Оттогаш одигра 145 натпревари за Реал и постигна седум гола.