Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со полициски службеници од Одделението за полиција при СВР Битол,а во селата Гермијан, Бач, Скочивир, Рибарци, Брод и Гнеотино од Општина Новаци одржаа работен состанок чија што цел беше разгледување на безбедносната состојба и степенот на загрозеност на шумите од пожари, потоа мерки за поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, примарно преку зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти и други мерки за поефикасна заштита од пожари.Исто така, на ссредбата со населението беше разговарано и за начините за спречување на случаите за бесправно сечење на шума. Со присутните беше разговарано и за безбедноста во делот на имотните деликти, односно измамите, како и за нарушувањата на јавниот ред и мир, посебно од страна на малолетници и начини на заедничко дејствување со цел зголемување на безбедноста и взаемна доверба, намалување на прекршоци и други кривично правни настани. Граѓаните беа информирани и за казнените законски одредби по однос на предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, како кривично дело за кое сторителите се санкционираат

Полицијата започна со превенција за “Заштита на шумите од пожари“, граѓаните информирани и за казнените законски одредби
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Пожар во Горната“ во Битола, симулациска вежба на Пожарната, Брза помош, Црвен крст… (фотогалерија)“Пожар во Горната“ во Битола, симулациска вежба на Пожарната, Брза помош, Црвен крст… (фотогалерија)
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува Денот на своето основање под мотото “Корени и крилја“ (мега фотогалерија)
- Во Битола одржан панел на тема „Жени во енергетиката: Од визија до акција“ (фотогалерија)
- Бендот “The Groove“ ја изваде новата авторска песна “Тука сум до тебе“ за која сними и видео
- СВР Битола: проведување на гледач на ракометен натпревар, повреден работник во земјоделски комбинат