ВИДЕО I Уште еден „спонтан“ протест, сега од ССМ, диргиран од српската инструкторка Сташа Цветковиќ

Инструкторката од Србија, извесната Сташа Цветковиќ, повторно во акција со македонските пулени од Црвената младина на Левица. Сега советува како да се активираат синдикатите.

„Да организирате работни групи, да организирате соработка со синдикатите. Ние веќе соработуваме со синдикатите, за и тие да влезат во штрајк и да штрајкуваат. Зашто синдикатите се едниствен начин како легално можеш да се буниш и да грдаиш граѓанска непослушност. Нашата цел е да градиме граѓанска непослушност преку синдикатите, унии на работиници итн..

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, за ова вели:

„По „спонтаните“ протести, каде на последниот пред Собрание видовме повеќе организатори отколку граѓани, утре следува уште еден обид – сега преку синдикатот ССМ.
Не е тешко да се поврзат коцките кога имате видео каде однапред се планираат овие сценарија.
Но, граѓаните не се наивни. Тие знаат да препознаат што е вистинска борба, а што е обид за партиска режија“.