Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ го започна својот четврти протестен марш барајќи правда и промени во системот по трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загуби 61 лице.
Пред неколку дена, „Кој е следен?“ официјално го достави своето прво барање до Владата – воведување е-инспекторат преку кој ќе се внесуваат сите записници од извршени инспекциски надзори. Нивната цел е да им дадат до знаење на граѓаните дали некој угостителски објект е безбеден или не.


Збирното место за почеток на протестниот марш е пред Владата на РМ, потоа планот на рутата е кон Судскиот совет, Собранието па се до Кривичниот Суд. Во моментов пред Владата се наоѓаат околу 100-150 граѓани, со транспаренти и пароли.
