Ерол Маск, таткото на американскиот милијардер Илон Маск, изјави дека неговото семејство има одредено восхит од рускиот претседател Владимир Путин.– Ако на Путин гледаме едноставно како човек, а не во контекст на меѓународната политика, тешко е да немаме почит кон него – изјави Ерол Маск во интервју за Би-Би-Си на руски јазик.На прашањето дали Илон, кој раководи со американското Министерство за владина ефикасност, рекол нешто слично за Путин, Ерол Маск потврди дека нивните ставови се слични.Ерол Маск изјави дека луѓето околу него често се обидуваат да ги убедат другите да не му веруваат на Путин, но дека тој самиот го смета рускиот претседател за пример за силен лидер.
.👉🎥🔊⁉️”We all admire Mr. Putin.”Elon Musk’s father, Errol, told the BBC that he and his son consider the Russian president “an example of a strong leader.”It would be foolish not to admire him, because he is always calm. I listen to his speeches – he says logical things.… pic.twitter.com/raWLKCoW8e— Peacemaker (@peacemaket71) April 4, 2025
На забелешката дека Путин ја започнал војната во Украина, Ерол одговорил дека „само со текот на времето ќе може да се разбере кој навистина ја започнал“.Зборувајќи за ставот на Илон Маск за Украина, Ерол Маск рече дека давање пристап на Украина до сателитската интернет мрежа Старлинк на почетокот на војната изгледаше како правилна одлука, но како што конфликтот се одолговлекува, ставовите на Илон за тоа се менуваат.Тој категорично ја отфрли сугестијата дека пресвртот на Илон е поврзан со деловни интереси, велејќи дека нивното семејство има сè и дека не им требаат повеќе пари.На прашањето дали има нешто што може да каже за неговиот син што пошироката јавност не го знае, но што смета дека е важно да се знае, Ерол Маск рече дека Илон е срамежлива личност и нема самодоверба кога зборува во јавноста.