Бугарија се повлече од изградбата на Коридорот 8

Одлуката за повлекување на средствата од проектот железничка инфраструктура од Софија до бугарско - македонската граница е уште еден негативен пример како националните политики влијаат на транспортните политики и како се менуваат одлуките кои веќе се донесени за изградба на патната и железничката инфраструктура, вели за Телевизија 24 универзитетската професорка Верица Данческа.

Сега се доведува во прашање реализацијата на Коридорот 8 кој треба да овозможи поврзување на Црното со Јадранското море. Професорката Данческа смета дека официјална Софија треба да ја преиспита оваа одлука со образложение дека од овој проект бенефит ќе имаат сите земји од регионот. 

„Сообраќајот не смее да биде пречка за раздвојување туку за соединување. Конекциите во сообраќајот и патен и железнички мора да функционираат за побрз сообрааќај и поквалитена услуга, за помало време на патување. А ова значи дека ние не одиме кон таа насока, односно бугарската страна не оди кон таа насока.“ - Професор Доктор Верица Данцеска технички факултет Битола.

 Министерот за транспорт и врски Александар Николовски вели дека жали што бугарските власти донеле ваква одлука. Тој додава дека Коридорот 8 не само што е од исклучително значење за Македонија, туку е значаен за регионот, за Европа, но и за НАТО. 

„Со жалење ја примавме информацијата која што вчера стигна, а која што е веќе и официјален документ усвоен од бугарската Влада со кој што Бугарија одлучи да ги тргне средствата кој што претходно беа предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево, имајќи ја предвид дека пруга има но пругата е во очајна состојба во Бугарија и практично неможе да се користи и не може да се изгради тунелот.“ - Александар Николовски министер за транспорт и врски.

Оваа одлука за промената на програмата за Транспортна поврзаност на Бугарија предизвика доста  небулози во бугарската јавност. Медиумите пренесуваат дека тамошните експерти  се изненадени од овој потег, со образложение дека токму Бугарија беше таа која што  вршење притисок врз македонските власти да се даде приоритетност на  Коридорот 8. Според написите во бугарските медиуми, парите ќе ги пренаменат за железничко поврзување помеѓу Пловдив и Бургас. 

„Реализацијата на двата железнички проекти Софија - Перник и Перник - Радомир, за кои беа издвоени 500 милиони евра, се исклучени за финансирање во текот на тековниот програмски период 2020 - 2027 година.“ - Одлука на владата во Бугарија.

Веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека имаат план дел од парите наменети за изградна на пруга кон Бугарија да ги пренаменат за изградба на брза пртуга кон Грција. Експресно пристигнаа реакции од официјална Софија, по што тој план на македонските власти отпадна. Потоа излегоа информации лично од  премиерот Мицкоски дека имало обид за негово подмитување само да го одобри тендерот за продолжување на работите на Коридорот 8. Инаку, проектот железничко поврзување на Македеониоја и Бугарија е стар повеќе од 30 години.