ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.04.2024
Пукање во училиште во Финска: три деца повредени, осомничен малолетник
Автор: Goce Author

Утрото пред девет часот по локално време, полицијата им порача на локалните жители да не излегуваат надвор, при што дошло до пукање во училиште во Финска. Повредени се неколку лица, а како што пренесуваат финските медиуми меѓу нив има и три деца.

Осомничениот е уапсен во брза полициска акција во близина на училиштето. Напаѓачот е 13 годишен малолетник,се наведува во соопштението за печатот на финската полиција.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да се држат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите да не се отвораат за непознати лица“, се вели во полициското соопштение.

Очевидец, кој случајно се нашол во близина на училиштето на неговото работно место, го слушнал пукањето, за кое мислел дека е нешто друго. „Не знаев дека е пукање. Потоа се слушна страшен крик и неколку деца истрчаа од дворот“, рече тој.

Случајниот минувач најпрвин не можел да ги поврзе детските врисоци што се слушале во училишниот двор со пукањето. Дури кога во дворот пристигнала вооружена полиција, сфатил дека нешто страшно се случува.

Тој наведува дека екипите биле многу брзо на теренот, две минути по пукањето. Тоа е училиште со повеќе од 800 ученици.

 

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Антониа Симјоновска

 

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години