АктуелноЛокално

Мециновиќ: Политичарите ја прикриваат неспособноста зад интеграцијата во ЕУ

Во саботното гостување во емисијата Стадион на „Канал 77“, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, остро ги критикуваше македонските политички елити, обвинувајќи ги дека своите неуспеси ги прикриваат зад процесот на евроатлантска интеграција.

„Нашите политичари пробаа своите неуспеси да ги затскријат зад евроатлантската интеграција. Поставуваат некои феноменолошки граници, дека ние треба да се навикнеме на нивната неспособност, сѐ додека не се интегрираме во тие сојузи каде што ќе се појават сите добри работи што треба да се појават,“ изјави Мециновиќ.

Според него, интегративниот процес се користи како изговор за одлагање на суштински реформи и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Изјавата доаѓа во време на засилени политички дебати околу динамиката на преговорите со ЕУ и сѐ погласните критики за стагнацијата во внатрешните политики.

Целото идеото од неговата изјава за радиото може да го погледенете во продолжение: