Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Од:

Нема повредени лица во пожарот што се случи претпладне во патничко возило во движење на ул. „Владимир Назор“ во близина на Клинички центар. Со пожарот било зафатено уште едно возило и фасада од зграда.

– Во СВР Скопје во 09.50 часот било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, соопштија од МВР.

Како што изјави претходно Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот е изгаснат, а интервенирано е со едно возило и четири пожарникари.

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани се осомничени дека предизвикале пожар во Демир Хисар

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Еден загинат, 11 повредени во пожар во станбена зграда во Сеул

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил