Бизнис

СКАПO И НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ КОШНИЧКА СО ЈАГОДИ ЗА 6 ЕВРА! – високи цени на овошјето и зеленчукот во Белград

02.02.2025

Поради повисоките цени во трговските синџири, повеќето граѓани во Србија побараа замена за зеленчук и овошје во продавниците на градските пазари. Зеленчукот и овошјето не се ништо поевтини на зелените пазари.

Најдобар доказ за тоа е што цената на јагодите, каде кошничка од половина килограм чини 700 динари.

- Точно е дека јагодите не се сезонско овошје и дека се убави, но ова е премногу. Дали овие продавачи имаат душа? Знаеме дека тоа се јагоди од оранжерии и дека им треба посебен третман, греење и слично во зима,  но килограм да чини 1.400 динари епремногу. И цените на другото овошје и зеленчук се прескапи, се коментарите на купувачите.

На еден белградски пазар килограм банани се продава за 250 динари (две евра), додека во супермаркетите можете да  се купат за  180 динари. Килограм лимон на пазар чини 250 динари, а во продавниците од 99 до 180 динари.

Кромидот кај продавачите на тезги се продава за 150 динари, а во продавниците може да се најдат за 99 динари. Тиквичките на пазар се нудат за 150 динари, а во продавниците за 180. Една главица зелка на пазар чини  250 динари, а во супермаркетите се продава за 120 динари. Зелената салата не може да се купи  за помалку од 100 динари парче, објави „Курир“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО