АХВ уништи месо, јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло – биле небезбедни!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) направи 350 вонредни засилени контроли пред велигденските празници.

Тие уништија 1.230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други производи кои биле означени како небезбедни.

За утврдените недоследности со вонредните контроли на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како што велат, АХВ изрече казни во висина од 3.650 евра во денарска противвредност и издаде 22 решенија со наредби за нивно отстранување.

„Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните.

Ги охрабруваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk“, велат од АХВ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното