Бизнис

ВО ЦРНА ГОРА 6 МИЛИОНИ КВАДРАТНИ МЕТРИ СТАНБЕН ПРОСТОР НЕ СЕ КОРИСТИ!

13.04.2025

Речиси 6 милиони квадратни метри станбен простор во Црна Гора не се користи за трајно домување. Од вкупно 392.910 станови, дури 89.080 се регистрирани како сезонски или се повремено искористени, со вкупна површина од 5,86 милиони квадратни метри. Покрај тоа, 71.200 станови се означени како привремено ненаселени или напуштени, што претставува речиси 5 милиони дополнителни квадратни метри простор што е празен.

Поголемиот дел од становите во Црна Гора, околу 285.730 од нив, се наменети за постојан престој, речиси една четвртина од тој број е ненаселен. Според Монстат, само 214.530 станови се населени, додека останатите се или празни, напуштени или се користат повремено.

Просечната површина на населен стан е 79,3 квадратни метри, а на едно лице во Црна Гора „припаѓаат“ просечно 27,5 квадратни метри простор за живеење, објави Инвеститор.ме.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано