Press "Enter" to skip to content

Превентивна активност на СВР Битола, мото-асоцијација, Црвен крст… за безбеден сообраќај

Денеска (05.04.2025) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Мото асоцијацијата на Македонија и претставници од РСБСП, како и Општинската организација на Црвениот крст од Битола и претставник на автошколи од Битола на градското шеталиште во Битола заеднички организираа превентивна активност насочена првенствено кон младите мотоциклисти, во делот на почитување на сообраќајните правила и прописи.

При реализација на активноста беа поделени и едукативни материјали.