ВМРО-ДПМНЕ: ССМ станала приватна фирма со Трендафилов, за само една година луѓето околу него земаат милиони во вид на плати и додатоци
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 1 април 2025
Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци.
За ова да е уште потрагично, овие пари ги земаат од донациите кои синдикалците со ниски примања ги даваат на ССМ.
Лажните синдикалци кои го предводат ССМ, се богатат на маката на работниците. Затоа, работниците кои членуваат во ССМ, се длабоки разочарани од раководството на чело со Трендафилов.
Разочараноста на членовите на ССМ од актуелното раководство е тоа што истите тие го имаат претворено ССМ во приватна фирма и ги користат благодетите на истата.
Додека ги гледаат во очи и ги лажат синдикалците, Трендафилов и останатите синдикалци на батерии, инкасираат милионски суми во нивните џебови на грбот на работниците, синдикалци.
Трендафилов и луѓето со кои што одработува за СДС, земаат плати за 3 или 4 плати поголеми од минималната плата. Затоа тие немаат реална претстава за маката на граѓаните.
Политиканството на Трендафилов и ССМ, мора да престане.
ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива