Економија

ДЕСЕТ ДЕНА ЛЕТЕН ОДМОР ВО ГРЦИЈА ДО 350 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

22.03.2025

Грција, Турција и Црна Гора сè уште се меѓу најбараните дестинации за српските туристи. Глобалната инфлација има значително влијание и врз туристичката индустрија, а поскапувања се забележани и во Србија, изјави Александар Сеничиќ, директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА).

- За десетдневен престој во Грција цената на стан во претсезона може да биде околу 200 евра по лице, додека во самата сезона таа цена може да се искачи до 350 евра. За хотел со три ѕвезди цената е меѓу 600 и 800 евра по лице, додека полуксузните хотели со полн пансион можат да достигнат цени од 1.000 до 1.500 евра, вели Сеничиќ.

Турција  се издвојува по својата понуда што ја прави исклучително популарна за семејствата со деца.

- Турција е особено привлечна за семејствата, бидејќи во многу хотели децата до 12 години можат бесплатно да престојуваат. Кога ќе го пресметате сето тоа, Турција често излегува како поповолна опција,  објаснува Сеничиќ, пренесува Блиц.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО