Бизнис

ТУРЦИЈА МЕЃУ НАЈПОСЕТЕНИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ, туристите престојувале во просек 10,7 дена

02.02.2025

Турција оствари раст во туристичкиот промет од 9,8 отсто во однос на претходната година и беше домаќин на 62.269.890 посетители во 2024 година. Ова претставува раст од 20,3 отсто однос на 2019 година, односно пред пандемијата на Ковид-19.

Турција ја надминат целта од 60 милиони посетители, кои ги најави претходно во 2024 година. Покрај тоа, Турција оствари приход од 61,1 милијарда долари, што е зголемување од 8,3 отсто во однос на претходната година. Минатата  година беше најуспешната година за Турција.

Европа, Блискиот Исток и Централна Азија останаа најголемите пазари во Турција, а силен раст на посети на туристи имаше од Америка, Индија и Кина. Сепак, Русија, Германија и Обединетото Кралство остануваат трите најголеми пазари на Турција.

Меѓународните посетители во Турција поминаа во просек по 10,7 дена во земјата, а приходот по посетител беше 972 долари. Според податоците за туризмот на ОН, Турција е меѓу првите пет најпосетувани дестинации во светот во 2024 година.


фото freepic 

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО